Димитар Капинковски веќе не е в.д тренер на Пелистер туку доби целосна доверба од управата на клубот да биде прв тренер. Претходно по лошите резултати на Зоран Штерјовски, Капинковски веднаш по назначувањето воведе неколку промени кои донесоа позитивни резултати за битолачани.
Екипата ќе започне со подготовки веднаш по новогодишните празници, а деновиве ќе се знае и начинот на подготвки и контролните натпревари во месец јануари, а и кои фудбалери ќе бидат донесени за засилување за во пролетниот дел од сезоната.