Шпански Леванте има проблем со финансискиот фер-плеј и ќе мора во буџетот да надополни средства од висина од 16.5 милиони евра и за таа цел клубот ќе се обиде да продаде дел од својот играчки ростер.
Прв на мета за трансфер е најголемата ѕзвезда во тимот, репрезентативниот играч од средината на теренот Енис Барди кој е проценет на 25 милиони евра. Најнов интерес за Барди сега пројавува клубот од ,,Сент Џејмс Парк” тимот на Њукасл, претходно од Премиер лигата и Арсенал беше во игра, но со најновите нивни случувања со лошите разултати и нестабилноста на менаџерското столче на Артета сега во овој момент трансфер во овој клуб е малку возможен.
Во Леванте уште се на цена исто така играчот од средниот ред Хозе Кампања, а за него интерес пројавува Атлетико Мадрид. Барди, поради повреда на грбот, не игра повеќе од еден месец. Неговото враќање во тимот го очекуваат на почетокот на наредниот месец. Енис Барди досега има 100 настапи за Леванте и има постигнато 19 гола. Во Примера дојде од унгарски Ујпешт од 2017 година.



