Офанзивецот на ВБА, Грејди Диангана имаше неуспешен обид да одглуми фаул, а ситуацијата од првото полувреме на големото дерби во Бирмингем испадна комична. Репрезентативецот на Демократска Република Конго, се обиде да ја смири топката со гради и откако не успеа се обиде да одглуми фаул, иако до него немаше противнички играч. Потоа забележа дека обидот му е неуспешен, па стана и продолжи да игра.



