Првиот натпреварувачки викенд во ски скокови после Светското првенство во ски летови, а воедно и четврти во тековната сезона, се одржува во Енгелберг, Швајцарија.
На вчерашните вечерни квалификации, како најдобар се покажа Јапонецот Јукија Сато, кој скокна 137 метри.
Во првата серија преовладуваа просечните скокови, пред сè поради неповолниот ветар. Најдалеку скокна Словенецот Анже Ланишек (137,5 метри), кој го освои третото место и беше веднаш зад Камил Штох и Халвор Егнер Гранеруд.
Во втората серија, најдолги учиноци од 138 метри имаа четвртиот Маркус Ајзенбихлер и победникот Гранеруд. За Норвежанецот, ова е четврта победа во низа во Светскиот куп за вкупно 500 освоени поени сезонава и задржување на жолтата маичка. На подиумот, како третопласиран, се искачи Ланишек, а пред него, по шести пат на второто место во Енгелберг, се пласира Штох.
Во продолжение, во првите десетмина се најдоа уште: Пјотр Жила, Пиус Пашке, Андржеј Стекала, Бор Павловчич, Давид Кубацки и Мариус Линдвик.



