Третиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во крос-кантри се одржува во германскиот град Дрезден. На денешната програма беа спринтовите во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, Надине Фендрих ја запиша првата победа во кариерата, триумфирајќи на сите три денешни трки. Во финалето, Швајцарката ги порази Софи Колдвел (+0,32), Анамарија Лампич (+0,35), Џеси Дигинс (+2,60), Лорен ван дер Грааф (+3,04) и Лучија Скардони (+3,30).
Од мажите, Федерико Пелегрино ја запиша втората победа во оваа сезона и вкупно петнаесетта во кариерата. Италијанецот, во финалето, беше побрз од Ендру Јанг (+0,53), од Глеб Ретивих (+0,91), од Александер Болшунов (+1,19), од Симеон Хамилтон (+1,80) и од Кевин Болџер (+3,95). Во полуфиналето отпаднаа неколку квалитетни спринтери како Лука Шанава и Ришар Жув.
За крај, вреди да се напомене дека речиси сите скандинавски натпреварувачи нема да учествуваат во Светскиот куп најмалку до крајот на 2020 година.



