Дваесеттото коло од англискиот Чемпионшип го отворија Престон и Бристол Сити.
И двете екипи влегоа во овој дуел со по два врзани порази, односно со серија од три ремија кога се во прашање само меѓусебните дуели.
Накрај, Престон успеа да ја прекине својата лоша серија, откако триумфираше со 1-0.
Единствениот погодок го постигна Даниел Џонсон (21′) од пенал, добиен откако Скот Синклер беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.
Со новиот триумф, првиот англиски фудбалски шампион се искачи до 13. место, додека Бристол Сити ја зазема 9. позиција. И двете екипи моментално имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.



