Во рамките на 10 коло од Третата лига Југозапад фудбалерите на Караорман на рутински начин ја совладаа екипата на Победа со резултат од 1:3 каде што бодовите беа осигурани уште во првиот дел затоа што стружани на полувреме имаа предност од 0:3.
Погодоците за Караорман ги постигнаа, Белули во 13 и 18 минута кој беше двоен стрелец и еден гол постигна капитенот Ќелешоски во 22 минута од натпреварот. Почесниот гол за домаќините го постигна Спироски во 50 минута од средбата.
Фото: FK Karaorman



