Актуелните шампионки, тимот на ЖФК Каменица Саса, силниот ростер и амбициите за одбрана на титулата, се уште поблиску до остварување, бидејќи во овој зимски период своите редови ги засилија со репрезентативката и досегашна членка на ЖФК Деспина, Драгана Костова.
Договорот помеѓу Костова и ЖФК Каменица е со важност од 2.5 години или до 30.06.2023 година. Искусната фудбалерка која има настапувано во ЖФК Јагодина и ЖФК Крагујевац – Србија, ЖФК Драгон и ЖФК Деспина со своето искуство и квалитет тимот значително ќе биде поквалитетен. Освен тоа игра на неколку позиции и на тренерот ќе му отвори повеќе можности и тактички замисли.



