Во рамките на 10 коло од Третата лига Југозапад домашниот тим на ФК Црно Буки го пречека составот на ФК Фљамуртари и со гол во самиот финиш во 88 минута преку Аце Јанкуловски домашните фудбалери запишаа нови три бода. Иако победата е минимална сепак Црно Буки имаше шанси и поубедливо да слават но за нив е најважно освоените бодови.



