Работнички ја оствари петтата победа во првенството совладувајќи го Борец со 2:1 во 18. коло од Првата фудбалска лига. Херој на триумфот на Работнички беше младиот 18 – годишен играч за врска, Лука Станковски, кој беше двоен стрелец. Голот за гостите од Велес го постигна Прелчец.
Со идентичен триумф се израдуваа и фудбалерите на Академија Пандев кој на гостувањето во Кратово остварија супер важна победа. Головите за струмичани ги постигнаа Трапановски во 22 минута и Велиновски во 54 минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Ивановски во 75 минута од натпреварот.
Фото: ФК Работнички



