Фудбалерите на Пелистер од Битола го шокираа лидерот на Првата македонска фудбалска лига, откако во Тетово славеа против Шкендија со 0:1 на полувреме беше 0:0 со гол од белата точка во натпревар од 18. коло.
Иако екипата од „Еколог Арена“ беше подобар ривал и имаше многу шанси, битолчани во судиското надополнување преку Борче Маневски стигнаа до голема победа. Овој пораз е прв на официјален натпревар за есенскиот првак оваа сезона и втор на официјален натпревар, по оној во септември од Тотенхем.



