Првиот денешен меч од 19. коло во англискиот Чемпионшип го одиграа екипите на КПР и на Стоук.
Истиот заврши со почетниот резултат од 0-0 и беше проследен со ,,сиромашна” игра. Единствената добра шанса ја имаа гостите од Стоук, кои погодија статива после една одбиена топка во почетокот на второто полувреме.
Главната причина за лошата игра на Стоук, кој во пресрет на мечот важеше за фаворит на хартија, е отсуството на најдобриот стрелец Тајрис Кемпбел. Англичанецот, стрелец на шест голови оваа сезона, во претходното коло против Дерби доживеа повреда на лигаментите што најверојатно ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната.
За КПР, ова беше само втор бод на последните шест средби, доволен за 19. место на табелата со ист број на освоени бодови. Од друга страна, Стоук се доближи на само еден поен од плејоф-зоната. Сепак и двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.



