Во рамките на првото коло во групата Б од Лигата на шампиони во ватерполо, актуелниот црногорски првак, Јадран од Херцег Нови, се соочи со актуелните шампиони на ЛШ – Ференцварош.
Претставниците на Будимпешта во целост ги надиграа црногорските ривали, декласирајќи ги со конечни 11-2.
,,Зелените” на полувремето водеа со 5-0, а во третата четвртина успеаја да поведат и со 8-0. Јадран го постигна својот прв погодок дури после 22:50 минути игра преку Урош Вучуровиќ.
Во продолжение, Ференцварош зголеми на 10-1, а вториот гол за Црногорците беше дело на Канстанцин Аверка. Накрај, Југ го заврши мечот со очајни 2/19 прецизни удари.
Од победничкиот состав предводен од Золт Варга, најефикасен со три погодоци беше Николас Константин-Бикари, а по двапати погодија уште Герго Јанос Фекете, Тони Јосеф Немет и Никола Јакшиќ.



