Еден од најдобрита играчи на Аталанта, капитенот Алехандро Гомес, најави заминување во јануарскиот преоден рок откако врската со тренерот Гасперини стигна до степен да е непоравлива. Миленикот на навивачите на Аталанта преку „Инстаграм“ се огласи дека вистината ќе се дознае откако ќе си замине од Бергамо, каде што игра изминативе пет години.
Како што известуваат италијанските медиуми, Гомес и Гасперини се скарале по дуелот против Митјиланд во Лигата на шампионите претходно во ноември и од тогаш ситуацијата само се влошувала. Така ќе му дојде крајот на една од најубавите фудбалски приказни, бидејќи Гомес од љубов кон клубот одби богатство за да се пресели во Саудиска Арабија.
Во меѓувреме 32-годишниот офанзивец не губи време и веќе се подготвува за трансфер, по шпекулациите дека би можел да заврши во МЛС лигата во тимот на Синсинати. Доколку си замине на почетокот од 2021 година, Аталанта ќе биде значително ослабена во осминафиналниот двомеч против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.



