вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Емоционална победа на Шифрин; Херојски настап на Брињоне

Епов Насе ✏️ Епов Насе
декември 14, 2020
📁 Останато, Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Третиот овосезонски велеслалом, кој е во склоп на четвртиот одржан натпреварувачки викенд од Светскиот куп во женска конкуренција, се одвиваше во францускиот ски-центар Куршевел.

На првите два овосезонски велеслаломи, на отварањето на сезоната во Зелден и на саботниот, победи Марта Басино, а на третото место заврши Петра Влхова. Единствената промена се случи на второто место, каде што прво се најде Федерика Брињоне, а потоа Сара Хектор.

Втората трка во Куршевел се одвиваше денес, откако вчера беше одложена поради неквалитетниот снег и лошите услови на патеката.

После првата серија, Микаела Шифрин го имаше водството, а заостаток под една секунда имаа само наредните четири скијачки: Марта Басино (+0,07), Федерика Брињоне (+0,14), Штефани Брунер (+0,70) и Теса Ворли (+0,88). Водечката во Светскиот куп, Петра Влхова, заедно со девет други натпреварувачки, помеѓу кои Алис Робинсон и Мина Фирст Холтман, не ја заврши трката.

Во втората серија, победничката на воведните два велеслаломи, Басино, не ја заврши трката, иако имаше една секунда предност. Брињоне, беше на чекор до триумфот, но во последната третина доживеа пад и сепак, херојски успеа да се извлече и да стигне до второто место (+0,82). Подиумот го заокружи Ворли (+1,09), а во првите пет се пласираа Мишел Жизен (+1,20) и Катарина Линсбергер (+1,54).

До 25. победа во кариерата во велеслалом, а воедно и до третата во истата дисциплина во Куршевел, стигна Шифрин (2:19,63). За неа, ова е прва победа после 26 јануари во Банско и беше особено емотивна, имајќи во предвид дека се најде на првата позиција за првпат по неочекуваната смрт на својот татко.

Tags: Алпско скијањеВелеслаломКуршевелШифрин
ShareTweet
Претходна вест

(ФОТО) Распоред на групите за СП 2023 во рагби: Ирска, Шкотска и ЈАР во ,,групата на смртта”

Следна вест

Андонова фати победнички залет со Леванте

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички
Кошарка

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Ное/2026
Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Следна вест

Андонова фати победнички залет со Леванте

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.