Минатата недела, групните фази во Лигата на шампионите и во Лига Европа ја завршија својата улога и ги дадоа учесниците во нокаут-фазата.
Во Лига Европа, на првопласираните две екипи од секоја од дванаесетте групи им се придружија и третопласираните тимови од секоја група во Лигата на шампионите. Со тоа, се доаѓа до бројка од 32 претставници, односно од 16 средби.
Имено, од ЛШ во ЛЕ се преселија: Салцбург, Шахтјор Донецк, Олимпијакос, Ајакс, Краснодар, Клуб Бриж, Динамо Киев и Манчестер Јунајтед.
Првите мечеви ќе бидат одиграни на 18 февруари, додека реваншите се закажани за 26 февруари 2021. Ждрепката за наредната фаза ќе се одржи на 27 февруари.
Во 1/16-финалето ќе се соочат:
Волфсбергер – Тотенхем
Динамо Киев – Клуб Бриж
Реал Социедад – Манчестер Јунајтед
Бенфика – Арсенал
Црвена Ѕвезда – Милан
Ројал Антверп – Глазгов Ренџерс
Славија Прага – Лестер
Салцбург – Виљареал
Брага – Рома
Краснодар – Динамо Загреб
Јанг Бојс – Баер Леверкузен
Молде – Хофенхајм
Гранада – Наполи
Макаби Тел Авив – Шахтјор Донецк
Лил – Ајакс
Олимпијакос – ПСВ



