Вториот декемвриски викенд, во Ирска беше резервиран за финалето на Ол-Ајрленд Сениор Харлинг Чемпионшип, во коешто се соочија Лимерик и Ватерфорд.
На патот до него, Лимерик, како шампион на Манстер за првпат после 1981, во полуфиналето го порази Голвеј со (0-27) 27-24 (0-24). Од друга страна, Ватерфорд доживеа пораз токму од Лимерик во финалето на Манстер со (0-25) 25-21 (0-21), па мораше да игра и черврт-финален меч против Клер ((3-27) 36-27 (3-18)), како и полуфинален против Килкени ((2-23) 29-33 (2-27)).
За Ватерфорд, ова беше вкупно седмо финале во историјата и прво после 2017, каде што се бореа за првата титула после 1959, односно третата во целокупната историја.
Од друга страна, Лимерик беше шампион во 2018, прекинувајќи ја серијата без титула, којашто датираше од 1973.
Денес, Лимерик по вторпат во три години стана шампион на Ирска во харлинг, откако водеше во текот на целиот натпревар. ,,Зелените” накрај триумфираа со убедливи (0-30) 30-19 (0-19), а најефикасен играч беше Арон Џилејн со десет поени.
Во противничките редови, најмногу поени забележа Стивен Бенет, кој беше подеднакво ефикасен како и Џилејн.
Имено, до денес, шампион во харлинг на Ирска беше Типерери, кој во минатогодишното финале го совлада Килкени со (3-25) 34-20 (0-20).
Во соработка со ГАА Македонија



