Голманот Мартин Јовановски кој бранеше во ГС Петролиерс (Алжир) како и во нашите суперлигаши како Пелистер и Охрид годинава беше одлично засилување за РК Струга на голманската позиција. Неговите одлични партии помогнаа за стружани да се изборат за плеофот напролет. Како е тој задоволен и како се чуствува во Струга во неговата изјава за www.javisejuzna.mk во продолжение:
Задоволен сум од моите настапи за РК Струга, иако секогаш може и подобро. Одлично сум прифатен во Струга, се чувствувам како дома. Атмосферата во тимот е на високо ниво. Можам да кажам ретко во која екипа има толку голема дружба како во нашиот тим. Напролет одиме да уживаме во плеј-офот заедно со сите стружани и навивачката група “Паткари”. Се надевам дека донесовме барем малку радост кај стружани во ова тешко време.



