Последната трка во Формула 1 во 2020 година се возеше во Абу Даби на фамозната патека ,,Јас Марина”.
На вчерашните квалификации, до третата пол-позиција во кариерата стигна Макс Ферстапен, кој ги ,,смести” двата болиди на ,,Мерцедес” зад себе во само една десетинка.
Потполно истиот распоред беше на патеката во текот на целата денешна трка. Накрај, Ферстапен ја круниса пол-позицијата со јубилејната десетта победа, оставајќи ги зад себе Валтери Ботас и Луис Хамилтон.
Веднаш зад нив, во поени завршија Александер Албон, Ландо Норис, Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Пјер Гасли, Ленс Строл и Естебан Окон.
Уште пред еден месец, со победата во Истанбул, Хамилтон ја загарантира својата седма шампионска титула. Со второто место, Ботас ја заврши сезоната како вицешампион, додека Ферстапен остана трет во генералниот поредок.



