Саботниот термин од дванаесеттото коло во Премиер лигата го заокружија Евертон и Челзи.
Двете екипи се соочија за првпат после 8 март, кога Челзи триумфираше со 4-0. Сепак, денес Евертон успеа да се одмазди и да победи со 1-0 на својот ,,Гудисон Парк”.
Стрелец на единствениот погодок беше Гилфи Сигурдсон од пенал во 22. минута.
Во продолжение, Рис Џејмс и Мејсон Маунт од редовите на Челзи, погодија по една статива од слободен удар.
Накрај, ,,Карамелите” ја запишаа шестата овосезонска победа и прва без примен гол после првото коло. Новите три поени му го донесоа седмото место на тимот на Карло Анчелоти, додека Челзи и покрај првиот пораз по седумнаесет средби, останува на третото место барем на еден ден.



