На Европското првенство во ракомет за жени кое се игра во Данска, се разрешува кои репрезентации ќе се пласираат во полуфинале. Хрватска се соочи со најголемиот фаворит за златен медал со репрезентацијата на Норвешка и загубија со убедливи 36:25 иако на полувреме беше ,,минималец” за скандинавките со 15:14.

Рајстад со седум гола беше најдобрата ракометарка на овој меч, по кој Норвешка го визираше пласманот за битка за медал, додека Хрватска во директен дуел против Германија во вторник ќе брка пласман во полуфиналето.
На вториот меч кој исто така беше од важност, селекцијата на Германија дојде до супер важна победа над Унгарија со резултат од 32:25 на полувреме германките има позитива од два гола односно од 13:11 и во меѓусебен дуел Германија и Хрватска ќе го бараат своето место во полуфиналето на Европското првенство.



