Избраниците на Драган Бочески, тимот на ГФК Охрид Лихнидос на стадионот ,,Билјанини Извори” во второлигашки натпревар славеа на домашен терен со 2:1 на полувреме беше 2:0 против Кадино.
За „Рибарите“ ова беше шеста победа во серија на домашен терен, а вкупно трета во низа. За победничката екипа двоен стрелец беше Реџепи, додека почесниот гол за гостите го постигна Марко Андоновски.
Инаку Охрид скоро цел натпревар играше со играч помалку откако Александар Бакулески рано во натпреварот не дозволено стартуваше и заслужено доби црвен картон.
Фото: ГФК Охрид Лихнидос



