Динамо Загреб ја победи ЦСКА Москва со 3:1 и како првопласиран во својата група ја чека ждрепката за нокаут-фазата во Лига Европа, но загрепските ,,Модри” испуштија голема шанса да испишат историја во европскиот фудбал.
Само 15 минути ги делеа од подвигот да станат прв тим во историјата на Лигата на шампионите или Лига Европа, кој групната фаза ја завршил без примен гол. Сепак и со 525 минути без примен гол во групна фаза, Динамо е рекордер во евро-куповите со најмногу минути без примен гол кои се играат по ваков систем, во групи со по четири тима.
Лоша вест за Динамо Загреб е што во првото полувреме им се повредија двајца фудбалери, од кои едниот капитенот, нашиот интернационалец, Аријан Адеми кој ја повреди задната ложа.



