Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса имаше прес конференција во пресрет на дуелот против Вест Хем, што се игра во петок. Иако има уште два дена до натпреварот од Премиер лигата, Биелса реши да го открие почетниот состав со кој ќе настапи против Вест Хем.
Аргентинскиот стратег порача дека нема што да крие и дека без проблем ќе го издиктира стартниот тим со кој Лидс ќе игра на следниот дуел во англиското првенство. Веќе стандардно, место меѓу стартерите има за македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.



