Екипата на Салават Јулаев Уфа го доживеа третиот пораз во низа, односно четвртиот на последните пет средби, откако денес загуби со 1-3 од источниот конкурент Металург Магнитогорск.
Сергеј Плотников, после неполни четири минути игра, му донесе почетно водство на Металург, но истото беше анулирано од страна на Теему Хартикаинен, кој израмни на 1-1 во воведните минути од втората третина. Сепак, во последниот период, конечниот резултат од 1-3 во корист на гостите од Магнитогорск го поставија Денис Расмусен и гореспоменатиот Плотников.
Со овој пораз, Салават останува на петтата позиција на Истокот, додека, со петтиот врзан триумф, Металург изби на третото место, веднаш зад АК Барс Казањ и зад Авангард Омск.



