Бекот на Ајнтрахт Франкфурт, Џетро Вилемс има 22 настапи за ,,Лалињата”, кои ќе ни бидат последен противник во фазата по групи на Европско првенство, а има интересна приказна и признание по цели 15 години.
Како 9-годишно момче, Џетро Вилемс со родителите пристигнал од Курасао во Холандија и морал да шверцува дрога, како почетен капитал за преживување во новата земја за него и неговото семејство. Ова е лично признание од 26-годишниот бек, кој играше и за ПСВ Ајндховен и за Њукасл, покрај сегашниот тим Ајнтрахт Франкфурт стигна 15 години подоцна.
„Моравме да имаме нешто за нов почеток во новата земја Холандија. Моите родители беа уплашени, бидејќи беше неизвесно дали ќе ја минат границата со дрогата, па изборот падна на мене. Ја сокрив во нозете и за среќа 9-годишно момче не претресуваат на границата, па се пројде без проблеми. Не сакав, но сторив се за да му помогнам на моето семејство. Им реков дека мене ме интересира само топка и фудбал и ништо друго. Никогаш не сум ја раскажал оваа приказна што никогаш и не се повтори, но не спаси при доаѓањето во Холандија“, – изјави за медиумите Џетро Вилјемс.



