Раул Хименес брзо закрепнува по тешката повреда на главата и веќе е пуштен на домашно лекување. Тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, по поразот од Ливерпул вчера, објави одлична вест за Мексиканецот. „Раул веќе е дома и брзо закрепнува. Се надеваме дека наскоро ќе биде на терен со нас“, – изјави Еспирито Санто.
Раул Хименез по тешкиот судир со главите со дефанзивецот на арсенал Давид Луиз, почна и процес на рехабилитација, но не се знае точно кога ќе биде подготвен за камбек во дресот на Волците. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и за две години, колку што игра за Вулверхемптон, постигна 48 гола на 110 натпревари.



