Ријалити ѕвездата Дарко – Спејко сними прва соло песна и видеоспот и започнува музичка кариера. Претходно имаше неколку дуети но ова е прв самостоен негов проект. „Калиенте“ е првата соло песна на Спејко, кој победи во регионалното реално шоу „Големиот брат“ и стана многу познат на целиот Балкан.
Музиката и текстот се на Спејко, додека аранжманот го направил Иван Јованов – Ивајо. Спотот е дело на Дарио Јанковиќ, а во него се појавуваат прекрасните модели Анѓела Јакимовска, Ана Брзанова и Јања Станојевиќ.



