Македонскиот фудбалски интернационалец Адис Јаховиќ го постигна единствениот погодок за Анталијаспор во пресметката со Анкарагучу (1-0) за значајна победа на домашен терен.
Напаѓачот се запиша во листата на стрелците во судиското надополнување пред крајот на првиот дел, откако доби топка „со очи“ од германската легенда Лукас Подолски, по што излезе пред голот на противникот и биеше елегантно по земја.



