Крикет репрезентацијата на Индија не знаеше за победа во периодот од февруари до ноември, губејќи седум средби, односно пет од Нов Зеланд и две од Австралија.
Сепак, азиските претставници, заклучно со денешниот триумф, успеаја да врзат три победи.
Првата беше во еднодневниот формат, додека во наредните две ги надиграа Австралијците во Т20 крикет.
Имено, Индија денес триумфираше над Австралија со 194/5 (20) – 195/4 (19.4).
Од удирачите на победничкиот состав, сите беа двоцифрени, а најмногу се истакна Шикар Даван со 52 поени, заедно со клучните 42 поени на Хардик Пандја. Од нивните фрлачи, Тангарасу Натараџан беше единствен со два викети.
Што се однесува до претставниците на најмалиот континент, сите фрлачи земаа по еден викет, а од нив, најдобри перформанси забележа Митчел Свепсон (1-25). Од друга страна, најефикасен удирач беше Метју Вејд со 58 поени.



