Поранешната ѕвезда на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ заработи нова тешка повреда во херојската победа на Србија по пресврт со Холандија (29-25).
Бекот се повреди во текот на дуелот од првото коло, а според најавите од Србија се работи за потешка повреда на Ахиловата тетива. Лекиќ играше се до 28 минута, кога во нападот на Србија при еден скок-шут падна на земја и се пожали на болки.



