Денес, во шпанската Валенсија, беа одржани долгоочекуваните трки во полумаратон и во маратон.
Во машка конкуренција, во пресрет на полумаратонот, светскиот рекорд изнесуваше 58:01 минути и беше поставен од Џофри Камворор на 15 септември 2019 во Копенхаген.
Истото достигнување замина во историјата, поради фактот дека дури четири тркачи успеаја да истрчаат под 58:00 минути. Имено, победник беше Кениецот Кибивот Кандие, кој за цели 29 секунди го ,,уништи” дотогашниот рекорд и ја истрча делницата од 21,1 километар за 57:32 минути. Останатите тројца со неверојатно време беа Џејкоб Киплимо (57:37), Ронекс Кипруто (57:49) и Александер Мутисо (57:59).
Во женска конкуренција на истата трка, победи Гензебе Дибаба, на својот дебитантски полумаратонски настап, истрчувајќи 21,1километар за 1:05:18.
Од друга страна, маратонот не донесе нов светски рекорд, но стана третиот најбрз маратон во историјата, кога се во прашања мажите. Победник на истиот беше Еванс Чебет (2:03:00), пред Лоренс Чероно (2:03:04), Бирхану Легесе (2:03:16), Амос Кипруто (2:03:20) и Рубен Кипроп (2:04:12).
Кај жените, Перес Џепчирчир со време од 2:17:16 славеше пред конкурентките и се запиша на петтото место во историјата.



