Во шеснаесеттото коло од англиската Лиг 2, силите ги одмерија две екипи што се борат за влез во плејоф-зоната – Болтон и Порт Вејл.
Во пресрет на меѓусебната средба, Болтон имаше одлична серија од пет врзани победи што беше во целост поразлично од серијата од пет порази на Порт Вејл.
Сепак, гостите од Стоук успеаја да триумфираат против реномираниот ривал со неверојатни 3-6.
Во оваа голеада, секој гол беше дело на различен фудбалер. Имено, за Болтон погодија Гетин Џонс (11′), Оин Дојл (66′) и Лојд Исгроув (78′), додека за Порт Вејл стрелците беа: Емануел Олејеке (6′), Лион Леџ (9′), Том Конлон (42′ од пенал), Кристијан Монтано (46′), Дејвид Ворал (50′) и Нејтан Смит (62′).
За еуфоријата во северна Англија да биде поголема влијае и фактот дека ова беше прва гостинска победа на Порт Вејл над Болтон во досегашната историја.



