Челзи во премиерлигашки натпревар на домашен терен на ,,Стемфорд Бриџ” дојде до многу тешка победа со пресврт од 3:1 против Лидс Јунајтед, каде што до 68 минута настапи и Езџјан Алиоски. Патрик Бамфорд го отвори мечот со водство, но со головите на Жиру, Зума и Пулишиќ, Челзи дојде до победа и нови три бода.

Сепак натпреварот го одбележа германскиот репрезентативен напаѓач Тимо Вернер, кој наместо да даде гол, германецот реагираше како да е дефанзивец на Лидс и прво ја оддалечи топката од голот, а потоа ја погоди пречката. Навистина несфатливо за таков профил на играч. Во прилог и видео:



