Англискиот фудбалски ас, по заминувањето на Филип Коку, од теренот се премести на клупата на англискиот второлигаш Дерби Каунти.
По воведните две ремија против Викомб (1-1) и против Ковентри (1-1), Руни конечно успеа да ги однесе ,,Овните” до првиот личен тренерски триумф.
Во рамките на шеснаесеттото коло, Дерби, на гостински терен, ја совлада екипата на Милвол со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок беше Џејсон Најт (69′), кој воедно ја затресе противничката мрежа за првпат во новата сезона.
За Милвол, по петте ремија, ова е втор врзан пораз што го оддалечува тимот од Лондон од плејоф-зоната. Имено, ,,Лавовите” ја заземаат четиринаесеттата позиција, додека Дерби, со втората овосезонска победа, ги надмина Викомб и Шефилд Венздеј и се оттргна од дното.



