Првиот меч од денешната саботна програма на англискиот Чемпионшип го одиграа Рединг и Нотингем.
Составот на Вељко Пауновиќ, по одличниот старт имаше негативна серија од четири порази. Сепак, со солидните четири партии, успеа да фати приклучок за врвот и изби на второто место барем за момент.
Една од тие четири е токму и денешната со популарните ,,Шумари”. Имено, Рединг го доби својот ривал со рутински 2-0, иако доминираше во текот на целиот натпревар.
Клучен елемент за петтиот врза меч на Нотингем без победа беше добиениот црвен картон на Рајан Јејтс (15′).
Веднаш потоа, од пенал, Лукас Жоао му донесе предност на домаќинот, а истата беше удвоена во второто полувреме со голот на Мајкл Морисон (52′).
За Жоао, ова беше петти погодок на последните пет натпревари и вкупно единаесетти во сезоната, со којшто изби на третата позиција на листата на стрелците после Адам Армстронг (14) и Ајван Тони (13).



