Третиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови ќе се одржува во Нижњи Тагил, Русија.
На денешната програма беа квалификациите, на коишто најдобар Маркус Ајзенбихлер.
Победникот на првите две натпреварувања, зад себе го остави единствениот друг победник од тековната сезона – Халвор Егнер Гранеруд.
На првите пет позиции се пласираа уште: Даниел Хубер, Јукија Сато и Мариус Линдвик.
Денешните квалификации не приредија никакви изненадувања бидејќи беше пријавен педесет и еден скокач, од кои само четириесет и осум се појавија на залетувалиштето. Истите скокачи ќе учествуваат и во утрешната прва серија.



