Аријан Адеми , асистираше со прекрасна асистенција при победа над Феенорд од 0:2 и на нанјубав можен начин го круниса својот рекорден анстап во Евро-куповите и со 77- миот меч што го одигра против Феенорд стана фудбалерот со најмногу натпревари за популарните ,,Модри”.
Капитенот на Динамо Загреб сега има еден меч повеќе од Бразилецот Самир, кој остана на второто место, а зад нив е Милан Бадељ со 52 натпревари во еврокуповите. Динамо со победа од 2:0 го освои првото место во К групата во конкуренција на Волфсбергер со 7, Феенорд со 5 и ЦСКА Москва со 3 бода на едно коло до крајот на натпреварите во фазата по групи.



