Еден од натпреварите од петнаесеттото коло на англискиот Чемпионшип го одиграа Шефилд Венздеј и Рединг.
Венздеј поведе уште во тринаесеттата минута, благодарение на вториот овосезонски погодок на Калум Патерсон.
После триесет минути игра, ,,Утките” останаа со играч помалку, откако директен црвен картон доби деветнаесетгодишниот Лиам Шоу.
Од тој момент започна опсадата на Рединг, кој израмни во претпоследната минута од првиот дел преку Лукас Жоао.
Во второто полувреме, гостите во целост го надиграа клубот од Шефилд, но накрај, Венздеј успеа, со десетмина, да го зачува посакуваниот поен.
Во сето тоа, најголем придонес имаше судијата Оливер Лангфорд, кој не досуди четири евидентни пенали за тимот на Рединг.
Со овој поен, составот предводен од Вељко Пауновиќ е четврти, со бод заостаток во однос на првопласираниот Норвич. Од друга страна, Шефилд Венздеј останува на претпоследната позиција, пред сè поради казната од шест поени.



