Екипата на Питерборо Јунајтед беше првопласирана во англиската Лиг 1 пред само неколку кола. Сепак, момците предводени од Дарен Фергусон, синот на Сер Алекс Фергусон, веќе имаат негативна серија од пет порази на последните шест средби во сите натпреварувања.
,,Најсрамниот” од нив се случи изминатиот викенд, кога популарните ,,Пош” доживеаја елиминација од ФА Купот од шестолигашот Чорли.
Фактот дека шокот е сè уште присутен во сините редови беше потврден денес, откако во рамките на петнаесеттото третолигашко коло, Питерборо беше поразен од Вимблдон со 2-1.
Претставниците на Лондон стекнаа брза капитална предност, кога од 54. до 60. минута, двапати ја затресоа мрежата на Кристи Пим, преку Рајан Лонгмен и преку Џоу Пигот.
Единствен стрелец за гостите беше најефикасниот нивен претставник, Џонсон Кларк-Херис (71′), кој веќе има осум овосезонски погодоци.
Новите три поени му помогнаа на Вимблдон да влезе во горниот дел на табелата, заземајќи го единаесеттото место, додека Питерборо останува на третата позиција.



