Возачите од Формула 1, два викенди по ред, ќе се тркаат во Бахреин. Минатата недела, Луис Хамилтон победи на најдраматичната трка во последната деценија, но старо-новиот шампион нема да може да учествува на наредната трка што ќе биде за големата награда на Сахир. Причина за отсуството на Англичанецот е позитивниот тест на Коронавирусот.
,,Луис [Хамилтон] сега е изолиран согласно протоколите за КОВИД-19. Тој е добар, но има благи симптоми и целиот му посакува брзо закрепнување.” – гласеше изјавата на ,,Мерцедес”.



