Трката за големата награда на Бахреин, првично беше прекината по стравотниот инцидент и експлозијата на болидот на Ромен Грожан, кој излета по контактот со Даниил Квјат.
После еден час, истата беше продолжена, но се случи нов инцидент во којшто повторно инволвиран беше Квјат. Овој пат, Русинот имаше двобој со Ленс Строл, кој ,,скокна” со својот болид и се преврте наопаку. За среќа, Канаѓанецот помина без никакви повреди.



