Вториот натпреварувачки овосезонски викенд од Светскиот куп во ски скокови се одржува во Рука, Финска.
На вчерашните квалификации, најдобар беше Полјакот Давид Кубацки, кој денес успеа да се пласира на подиумот, односно на третото место. Само 0,2 поени повеќе имаше неговиот сонародник Пјотр Жила, а до победата стигна Маркус Ајзенбихлер.
Ајзенбихлер беше победник и на инаугуралното натпреварување во Висла пред една недела и со тоа стана вториот Германец во историјата што победил на првите две скокалници во една сезона. Освен на Ајзенбихлер, тоа му појде од рака и на Мартин Шмид во сезоната 1998/99.
Освен тројцата најдобри, пласман во првите десет изборија уште: Халвор Егнер Гранеруд, Јукија Сато, Роберт Јохансон, Бор Павловчич, Пиус Пашке, Клеменс Муранка и Карл Гајгер.
Одлични резултати, односно најдобри во кариерата, остварија Полјакот Андржеј Штекала (11.) и Естонецот Арти Аигро (14.).
Како големи разочарувања што не поминаа во втората серија се декларираа Рјоју Кобајаши, Андреас Велингер, Анже Ланишек и Даниел Андре Танде.



