Привременото раководство на Барселона успеа да се договори со фудбалерите за ревизија на нивните договори кои ќе му овозможат на клубот да заштеди 177 милиони евра.
Од вкупната сума, 122 милиона се намалени од платите на фудбалерите, а уште 55 милиони низ одложување на плаќање на ставките од варијабилните делови од договорите. Сите пари ќе им бидат вратени на играчите, но на неколку рати во следните години.



