УЕФА донесе храбра одлука, која е најавена како конечна и Европското првенство идната година ќе се игра како што е планирано во 12 држави. Тоа е одлична вест и за Македонија и за сите симпатизери на фудбалот во нашата земја, бидејќи останува утврдениот распоред да одиграме два меча во Букурешт и еден во Амстердам.
Првенството ќе се игра од 11. јуни до 11. јули идната година, а Македонија ќе дебитира, откако преку Лигата на Нации избори историски настап на Европско првенство. Првиот меч ќе го играме во Букурешт против Австрија на 13. јуни, а четири дена подоцна на истото место ќе играме против Украина, за на крај во Амстердам да играме против домаќинот Холандија кој треба да е апсолутен фаворит во нашата група.



