Денес, машките крикет репрезентации на Австралија и на Индија ја отворија меѓусебната интернационална серија од три еднодневни, три Т20 и два тест натпревари.
Како подобра селекција на денешниот еднодневен меч се покажа Австралија, која триумфираше со 374/6 (50) – 308/8 (50).
Индиските удирачи имаа релативно солиден ден, но недоволен за победа. Од нив, најефикасни беа Шихар Даван (74) и Хардик Пандја (90), а нивното партнерство на четвртиот кон петтиот викет донесе дури 128 поени.
Од австралиските фрлачи, Адам Зампа беше најдобар со четири викети.
Што се однесува до удирачите на домашната селекција, дури двајца од нив постигнаа ,,стотка”, односно Арон Финч (114) и Стив Смит (105).
Од Индијците, Мохамед Шами имаше најдобар фрлачки учинок со три викети од десет оувери.



