Традицијата тврди дека уште од 1966 година, за Денот на благодарноста, екипата на Далас Каубојс пречекува други ривали.
Оваа година, во Тексас гостуваа дивизиските ривали на ,,Каубоите” од АФК Исток – Вашингтон ФК.
Оваа дивизија важи за најслаба во тековната сезона, пред сè поради фактот дека во пресрет на вчерашниот дуел, Далас, Вашингтон и Њујорк Џајантс имаа учинок од 3-7, додека првопласираните Филаделфија Иглс беа за нијанса подобри со 3-1-6.
Сепак, новиот лидер, барем на три дена, ќе биде Вашингтон, кој во ,,благодарниот” меч триумфираше со 16-41.
Најзаслужен за победата на претставниците на главниот град на САД беше ранинг-бекот Антонио Гибсон, кој постигна хет-трик со три тачдауни. Со овој учинок, тој стана првиот дебитант што постигнал три полагања со трчање на Денот на благодарноста, после најмалку 1946 година. Исто така, Гибсон освои 136 јарди (115 со пробивање и 21 со фаќање).
Последната четвртина беше клучна, бидејќи Вашингтон ја доби со 21-0.
Во неа, освен Гибсон, тачдаун постигна и дефанзивецот Монтез Свет, а во првото полувреме, тачдаун забележа и Логан Томас.
Единственото полагање за Далас беше дело на Амари Купер, а шутерот Грег Зурлајн ги додаде останатите поени.
Двете екипи се соочија и пред точно еден месец, кога повторно триумфираше Вашингтон (25-3). Ова претставува прва двојна победа за поранешните Редскинс над Далас, после 2012 година и воедно шеста во историјата.
Во соработка со НФЛ Македонија



