Во неизвесен натпревар, ПСЖ кој го предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес со минимални 29:28 го совлада Порто чиј гол го брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски. Ремили во 59. минута постигна гол за 29:27 со што ги реши дилемите околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хансен со 9 гола, како и Ремили и Нахи со по 4 погодоци, додека кај Порто се истакна Салина со 5 гола. Никола Митревски бранеше во првото полувреме и имаше четири интервенции за во вториот дел да брани Квинтана кој исто така имаше четири одбрани.



