Во редовното коло од Бундеслигата репрезентативниот пикер Жарко Пешевски со својот Штутгард успеа да слави против тимот на Нордхорн со 36:24. Пикерот имаше три шута и успеа да постигне исто толку голови. Со овие бодови екипата на Пешевски се при врвот на табелата во најквалитетната ракометна лига во Европа.



