Во Бугарија се одигра дербито на колото во кое што непоразената НСА Софија го нагости тимот на Локомотив од Стара Загора во рамките на 11 коло од првата бугарска лига за жени.
Домашниот тим ја оправда улогата на домаќин и на поединечен квалитет стигна до победа од 3:1. Уште во првите дваесет минути од мечот се наѕираше победникот, бидејќи домашната фудбалерка Леонора Желева постигна два гола и тоа во 6 и 18 минута, пошто веќе од тој момент веќе НСА имаше убава предност.
Домашната фудбалерка Ивана Најденова во 61 минута постигна гол за недостижни 3:1. Во тимот на Локомотив најдобар поединец беше македонската репрезентативка Ели Јаковска која што во 77 минута го постигна единствениот гол на мечот за својата екипа.

За Јаковска ова е трет последователен старт за Локомотив и игра во голема голгетерска форма, бидејќи веќе за неа ова е четврти гол во шампионатот, по постигнатиот хет-трик во минатиот натпревар против Јантра.
До крајот на шампионатот НСА Софија ќе ита кон освојување на нова титула и ќе се обиде до крај да не запишат пораз, додека, Локомотив ќе се обиде да се класифицира што повисоко на првенствената табела во најдобрата бугарска лига. Од друга страна Јаковска со своите погодоци ќе ја напаѓа листата на најдобри стрелци во лигата.



